Со предложените измени се:
• проширува опфатот на лобирањето на процесите на донесување, изменување, спроведување и евалуација на јавните политики;
• прецизираат правилата за застапување на јавниот интерес;
• зајакнуваат механизмите за спречување на прикриено и недозволено лобирање, вклучително и преку дигитални канали и социјални мрежи;
• воведуваат обврски за органите кај кои се лобира во однос на одговорот и остварувањето на контактите;
• унапредува транспарентноста преку објавување информации за учесниците, застапуваните интереси, иницијативите и официјалните средби;
• се зајакнува надзорот и контролата од страна на Државната комисија за спречување на корупцијата;
• се предвидуваат нови и повисоки прекршочни санкции за непочитување на законските обврски.
Целта е да се создаде појасен и поефикасен систем во кој лобирањето е легитимен и транспарентен инструмент за учество во креирањето јавни политики, а истовремено се спречува прикриеното и недозволено влијание врз јавните одлуки.
Линк: https://ener.gov.mk/Default.aspx?item=pub_regulation&subitem=view_reg_detail&itemid=119425