Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Во Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците се одржа јавна расправа за Предлог-законот за јавното обвинителство – процес од суштинско значење за унапредување на правосудниот систем и за зајакнување на владеењето на правото

Преку активна дебата, експерти, обвинители, адвокати и професори споделија стручни согледувања и практични искуства, кои претставуваат значаен придонес кон креирање поквалитетни и одржливи законски решенија. Ваквиот инклузивен пристап овозможува носење решенија што се реално применливи и усогласени со професионалните стандарди. 
Јавната расправа следуваше откако Собранието ја утврди потребата од донесување на законот, со што тој ја помина првата фаза од собраниската процедура. Со предложените решенија се предвидуваат темелни реформи во организацијата и функционирањето на обвинителството, насочени кон поголема ефикасност, отчетност и транспарентност. 
Во процесот на подготовка на законот беа вклучени препораките на релевантни меѓународни тела и институции, како и насоките од реформската агенда во областа на владеењето на правото, што дополнително ја зајакнува неговата кредибилност и усогласеност со европските стандарди.

Мени за пристапност