Претставниците на Претседателството и Европската комисија информираа за тековните иницијативи на ЕУ поврзани со заштитата на правата на децата мигранти, како и за можностите за алтернативи на притвор за малолетници.
Во рамки на сесијата за правда се дискутираше за повеќе значајни теми во два сегмента:
Во првиот дел беше презентиран напредокот во судската обука и дигитализацијата на правосудството, при што беше нагласена важноста од унапредување на дигиталните алатки и потенцијалот на вештачката интелигенција во судските постапки.
Во вториот дел беа разгледани мерките за заштита на демократијата и улогата на граѓанското општество, со посебен осврт на концептот на Европскиот штит за демократија и градењето отпорни демократски системи.
На крајот од сесијата, Европската комисија даде осврт на новата директива за борба против корупцијата, како и на Стратегијата за борба против корупција која е во фаза на подготовка.
Дополнително, беа презентирани и приоритетите на претстојното ирско претседателство со Советот на Европската Унија.