Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Зајакнување на партнерството со Советот на Европа во клучни области на правосудството

Зајакнување на партнерството со Советот на Европа во клучни области на правосудството

Министерот за правда Јетон Шасивари оствари средба со раководителот на Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје, Олег Солдатов, на која беше разговарано за досегашната и идната соработка во областите од значење за Министерството за правда.
На состанокот беше изразена подготвеност за продолжување на интензивната соработка и поддршка во повеќе значајни области, меѓу кои:
•    бесплатната правна помош;
•    зајакнувањето на капацитетите на затворскиот систем;
•    слободата на изразување и медиумите;
•    борбата против говорот на омраза, нетолеранцијата и дискриминацијата.
Поддршката  на Советот на Европа е од исклучително значење за унапредување на реформите во правосудството и јакнење на институционалните капацитети.

Заедничката посветеност, партнерството и координираниот пристап ќе бидат клучни за успешно спроведување на проектите и постигнување конкретни резултати во интерес на граѓаните.

Мени за пристапност