Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Известување за јавни расправи за Предлог Закон за здруженија и фондации

Министерство за правда Министерство за правда

Министерството за правда  организира јавни расправи за Предлог Законот за здруженија и фондации, во рамки на процесот на консултации со засегнатите страни.
Јавните расправи ќе се одржат согласно следниот распоред:
•    Битола – 4 февруари 2026 (среда),  11:00 часот, Europe House
•    Гостивар – 5 февруари 2026 (четврток),  11:00 часот, Младински ресурсен центар „I can“
•    Штип – 6 февруари 2026 (петок),  11:00 часот, Хотел Оаза
•    Скопје – 12 февруари 2026 (четврток),  11:00 часот, Хотел Мериот
•    Јавните расправи се организираат во рамки на процесот за консултации со засегнатите страни и има за цел да се добијат мислења и забелешки во однос на предлогот на Законот за здруженија и фондации кој е достапен за увид на јавноста на Електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР).
•    По ставовите, мислењата и забелешки искажани во текот на јавните расправи Министерството за правда ќе постапува на идентичен начин како и со примените писмени забелешки преку ЕНЕР.
•    Учеството на јавните расправи е отворено за сите заинтересирани со цел обезбедување на транспарентен и инклузивен процес на јавни консултации.
•    Настаните се организираат со поддршка од проектот финансиран од ЕУ „Техничка поддршка за подобрување на овозможувачката средина за граѓанските организации во Република Северна Македонија“.
•    Ве молиме за потврда на присуството на јавните расправи  на следните електронски адреси: tangelkova@justice.gov.mk и damceska@cpmconsulting.eu.
•    Во потврдата за присуство наведете на која јавна расправа ќе учествувате. 

Мени за пристапност