Министерството за правда организира јавна расправа за Предлог Законот за здруженија и фондации и ги поканува сите заинтересирани да учествуваат во процесот на јавни консултации. Јавната расправа ќе се одржи во Скопје – 12.02.2026 (четврток), 11:00 часот,Хотел Мериот.
Предлог-законот е достапен за јавен увид на ЕНЕР, а сите мислења и забелешки искажани на расправите ќе бидат разгледани на ист начин како и писмените коментари доставени преку системот.
Настанот се организира со поддршка од проектот финансиран од ЕУ „Техничка поддршка за подобрување на овозможувачката средина за граѓанските организации во Република Северна Македонија“.
Учеството е отворено за сите – за транспарентен и инклузивен процес!
Потврдете го вашето присуство :
tangelkova@justice.gov.mk | damceska@cpmconsulting.eu