Со предложените измени се предвидува:
Зајакнување на капацитетите на Агенцијата за заштита на личните податоци
Обезбедување на сите неопходни ресурси за ефективно извршување на нејзините функции и овластувања, со цел гарантирање на самостојно, независно и непристрасно функционирање, во согласност со Regulation (EU) 2016/679 (Општа регулатива за заштита на податоци – GDPR).
Усогласување со препораките од Извештајот на Европската комисија за 2025 година
Имплементација на препораките наведени во Извештајот за Северна Македонија за 2025 година, со цел унапредување на правната рамка и практичната примена.
Нови олеснувања за пренос на лични податоци во трети земји
Усогласување со најновите европски стандарди и препораки на European Data Protection Board, кои се однесуваат на европските суштински гаранции и мерките за пренос на лични податоци.
Се предлагаат нови олеснувачки мерки за контролорите и обработувачите, со цел поедноставување на процедурите за пренос кон трети земји и меѓународни организации.
Ги повикуваме сите засегнати страни – институции, компании, стручна и академска јавност – активно да се вклучат во процесот со свои коментари и предлози преку ЕНЕР.
Заедно градиме посилен систем за заштита на личните податоци, усогласен со европските стандарди и најдобрите практики.