Регионалната анти-корупциска иницијатива (РАИ) започна серија дводневни обуки за Проценка на ризик од корупција и Анти-корупциска проверка на прописите во секторите Безбедност и Животна средина.
Во рамки на настанот, директорот на Секретаријатот на РАИ им додели плакети за благодарност и признание на претставниците на Министерството за правда во Управната група на РАИ – Никола Прокопенко и Елена Димовска – за нивниот континуиран придонес и поддршка на работата на РАИ.
Обуките имаат за цел зајакнување на институционалниот интегритет и унапредување на превентивните механизми против корупцијата, преку користење структурирани алатки за проценка и управување со ризиците од корупција – како во секојдневното работење, така и во законодавниот процес.
Оваа серија е трета од вкупно шест национални обуки во земјите од Западен Балкан, во рамките на Регионалната програма „Југо-источна Европа – Заедно против корупцијата II“ (SEE-TAC II), која ја спроведува РАИ во партнерство со УНОДЦ и со финансиска поддршка од Австриската агенција за развој.
Обуките претставуваат и платформа за размена на искуства и споделување на најдобри практики во спречувањето и борбата против корупцијата.